Прес-конференција на гувернерката Ангеловска - Бежоска

НБРМ предвидува повисока инфлација од претходно прогнозираната

Инфлацијата за годинава е проектирана на 2,2 отсто годинава, што е зголемување во однос на претходната проекција, што изнесуваше 1,5 отсто, рече денеска гувернерката Анита Ангеловска Бежоска. Според најновите макроекономски проекции, ќе има раст на бруто-домашниот производ од 3,9 отсто годинава и наредната година и 4 отсто во 2023 година.

Според гувернерката, кај стапката на инфлација е направена умерена нагорна ревизија за 2021 година во однос на октомвриските проекции, при што тековно се оценува дека таа ќе изнесува 2,2 проценти, за разлика од 1,5 процентиво претходната проекција при нагорни корекции кај надворешните влезни претпоставки во делот на цените на нафтата и храната. За 2022 и 2023 година и натаму се очекува дека стапката на инфлација ќе се движи околу 2 отсто.

„Очекуваме 2021 година да биде година на постепено закрепнување на домашната економија, односно економски раст од 3,9 отсто, којшто ќе биде поддржан и од банкарскиот систем. Овој раст нема да доведе до поголеми притисоци врз инфлацијата која се очекува главно да се задржи на умерено ниво, иако се прави умерена нагорна корекција пред сѐ поради раст на увозните цени и кој се оценува како привремен. Не се проценуваат поизразени платнобилансни нерамнотежи, па оттаму се очекува натамошен раст и одржување на девизните резерви на адекватно ниво. Ризиците за проекциите се оценуваат како претежно надолни и се речиси целосно поврзани со пандемијата и рестриктивните мерки, како кај нас, така и во окружувањето", рече гувернерката Ангеловска Бежоска.

Таа додаде дека Народната банка, со цел поддршка на економијата, во континуитет води олабавена монетарна политика преку намалување на основната каматна стапка, вбризгување дополнителна ликвидност и обезбедување регулаторна флексибилност. Според неа, Народната банка ќе продолжи со водење на олабавена монетарна политика, бидејќи, како што рече, состојбите на двата фактори кои влијаат на неа – нивото на девизните резерви и инфлацијата, тоа го дозволуваат. Притоа, гувернерката информираше дека според последните податоци нивото на државните резерви изнесува 4 милијарди евра.

Народната банка проектира и стеснување на дефицитот во тековната сметка до 2,9 отсто од БДП во 2021 година, што, како што појаснуваат во најголем дел се должи на подобрите очекувања кај дознаките, при постепено намалување на негативните ефекти од пандемијата во текот на годината. Намалувањето се очекува да продолжи и во наредните две години, со што во наредниот двегодишен период (2022-2023 година) дефицитот во тековната сметка ќе изнесува во просек околу 2,1 отсто од БДП.

„По проширувањето на дефицитот на тековната сметка минатата година кога достигна 3,5 отсто од БДП, а кое главно беше резултат на поизразен пад на приватните трансфери, на среден рок се очекува подобрување – просечен дефицит од 2,1 отсто од БДП, што е слично ниво како во преткризниот период. Подобрувањето кај дефицитот на тековната сметка во 2021 година, главно е резултат на постепено закрепнување на приватните трансфери, кое го компензира проширувањето на трговскиот дефицит (коешто речиси во целост е водено од повисокиот енергетски дефицит, во услови на голем раст на цените на енергенсите)", рече гувернерката на Народната банка.

Во врска со очекувањата за јавниот долг, таа вели дека неговиот раст е глобално прашање во услови кога, како што нагласи, била обезбедена фискална поддршка од невидени размери за справување со последиците од пандемијата и економската криза што таа ја предизвика. Во соседството, нагласи таа, јавниот долг порасна во распон од 10 до 15 процентни поени од БДП.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе