НБМ: Тренд на намалување на каматните стапки

Во септември годинава продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, која забележа месечен пад од 0,04 процентни поени и се сведе на ниво од 5,09 проценти. На годишна основа падот кај оваа каматна стапка изнесува 0,37 процентни поени, соопшти денеска Народната банка.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,36 проценти и забележа месечен и годишен пад од 0,02 процентни поени и 0,06 процентни соодветно.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити минатиот месец се намали за 0,15 процентни поени на месечна основа и изнесува 4,46 проценти, додека на годишна основа оствари пад од 0,40  процентни поени.

Во септември, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор изнесува 4,32 процента, а на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 5,10 проценти.

Во септември, просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,27 проценти по остварен месечен раст од 0,17 процентни поени. На годишна основа, кај каматните стапки на новопримените депозити е евидентиран пад од 0,30  процентни поени. За новопримените депозити на домаќинставата каматната стапка изнесувала 1,24 проценти, со минимален раст од 0,01 процентен поен. 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе