НБМ: Просечната каматна стапка на вкупните кредити во април бележи намалување

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити. Народната банка објави дека во април е забележано намалување и оти просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,58 проценти. Кај вкупните депозити, забележан е минимален месечен раст. Просечната каматна стапка во април изнесува 0,90 проценти. 

Во соопштението на централната банка се наведува дека кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка е повисока за 0,15 проценти поени на месечно ниво и оти изнесува 4,09 проценти, а кај новопримените депозити изнесува 0,62 проценти и има месечен пад од 0,14 процентни поени.

Надворешното опкружување за кое се предвидува постепено закрепнување и реализацијата на капиталните инвестиции во земјава се значајни фактори за закрепнување на македонската економија, изјави во интервју за ТВ24 гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа посочи дека за македонската економија, како мала и отворена, значајни се меѓународните економски движења, а клучен двигател на нашиот раст ќе биде извозот. Од домашните фактори, според гувернерката, значајна е реализацијата на капиталните инвестиции кои можат да бидат катализатор на многу позитивни промени во економијата.

Гувернерката уште еднаш повтори дека денарот останува стабилен во однос на еврото и дека монетарната стратегија за одржување на стабилноста на домашната валута во однос на еврото е најоптимална за домашната економија.

„Сметаме дека поголема флексибилност во однос на курсот нема да вроди со резултат затоа што ќе има релативно брзи преносни ефекти врз цените и може да има неповолни преносни ефекти врз финансиската стабилност и оттаму цврсто стоиме на тој наш став“, подвлече Ангеловска-Бежоска.

Засега, според Ангеловска-Бежоска, ликвидноста што е вбризгана од страна на централната банка и Министерството за финансии во насока на поддршка на економијата, не прави притисок на девизниот пазар, но доколку има сигнали кои упатуваат на зголемени притисоци на девизниот пазар кои доаѓаат од зголемена денарска ликвидност, тогаш сигурно ќе бидат преземени мерки.

Банкарскиот сектор, како што оцени, е ликвиден и добро ја поминал кризата, а во однос на пропаѓањето на Еуростандард банката рече дека дозволата за работа била одземена откако биле исцрпени сите можности што централната банка ги имала на располагање.

„За кој било гувернер или за централна банка нема потешка одлука од носење на одлука за затворање на банка. Таква одлука се носи откако ќе бидат вложени максимални напори и ќе бидат исцрпени сите можности за поповолно решение за банката особено имајќи ги во предвид интересите на депонентите. Таков беше и овој случај“, истакна Ангеловска-Бежоска.

За кредитите што биле давани во банката, гувернерката рече дека централната банка не одлучува за тие кредити и оти одлуките ги носеле кредитните одбори и надзорниот одбор на банката.

„Деловните банки се приватни институции кои самите одлучуваат за секој поединечен кредит што се дава. Централните банки не даваат кредити, не одлучуваат, ниту пак тие кредити подлежат на согласност од страна на централните банки. Оваа банка беше под засилени контроли и се проверуваше степенот на кој што се изложува на ризик. Одлуките за кредит ги носеле кредитните одбори, а ако износот на кредитот е поголем одлуката ја носел надзорниот одбор. Оттука многу јасно е чија е одговорноста за одобрување и наплата на тие кредити“, рече Ангеловска-Бежоска во интервју за Телевизија 24.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе