Соопштение

НБМ: Имаше обид да се оневозможи функционирањето на веб страници на домашни банки, доверливоста на податоците не е доведенa во прашање

Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка и на домашните банки, како резултат на ДДоС напад. Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање, соопшти Народната банка по вчерашниот обид за напад на грчки хакери именувани како „Моќна грчка армија“.

„ДДоС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата.

Во согласност со глобалните трендови, Народна банка, заедно со банките, постојано работи на зајакнување на отпорноста на информативните системи, ги следи новите закани поврзани со дигиталниот простор и континуирано презема мерки во насока на унапредување на сигурносните заштити“, соопшти НБ.

Хакерската група „Моќна грчка армија" вчера објави дека извршиле напади врз неколку македонски банки. Грчките хакери на твитер објавија дека извршиле хакерски напади врз неколку македонски банки. Според хакерите, нападнати биле ТТК банка, Централната кооперативна банка, УНИ банка, Прокредит банка, Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други.

Инаку, хакерската група која се именува како „Моќна грчка армија“ на 6 февруари се пофали дека влегла во веб сајтот на македеонското Министерство за образование и наука, но и дека преку системот на министерството влегла и во безбедносните камери за што објави и снимки. Министерството утредента  демантираше дека бил извршен хакерски напади и уште соопшти дека снимките не се од простории на министерството бидејќи такви камери во просториите и не се поставени.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе