УЈП

Наскоро со законско решение ќе се олеснува регистрацијата на пензионерите

Управата за јавни приходи најавува брзо законско решение што ќе содржи олеснителни околности за регистрација на пензионерите во Управата за јавни приходи поради новиот концепт на Годишната даночна пријава.

Наскоро ќе излеземе со законското решение што ќе се однесува за олеснителната околност на пензионерите кои оставруваат само приходи од пензија, изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска, одговорајќи на новинарско прашање денеска на предавање во употреба на нов систем за проценка на ризик.

За проблемите што се јавуваат со системот за регистрација рече дека ги менаџираат секојдневно, но оти на  корисниците им стојат на располагање шалтерите во УЈП во Скопје, како и телефонските линии со цел да се надминат проблемите.

„Мобилните екипи на УЈП секојдневно се на терен. Дали одиме кај даночни обврзници, мали, средни и големи дали одиме во сите министерства, имаме контакт со огромен број лица кои треба да се регистрираат. Некаде оди поспоро, некаде побрзо, меѓутоа кога станува збор за една ваква реформа сепак треба да се има предвид дека тешкотии ќе има, меѓутоа на крајот ќе се види резултатот“, истакна директорката.

Таа додаде дека е побарана помош и од општините да обезбедат простор и техничка опременост со цел да може да се изврши регистрацијата на даночнтие обврзници, а и телефонските линии на сите оние што одат на терен се постојано достапни.

„Ова е прва година и очекувавме дека ќе имаме вакви проблеми, меѓутоа старот го означивме и ќе одиме до крај“, потенцира Лукаревска.

Во врска со најавеното воведување прогресивна даночна стапка, директорката рече дека Управата за јавни приходи како имплементар на оваа даночна реформа е подготвена и мора да биде подготвена.

„УЈП е имплементатор на прогресивното оданочување, кое го сметам за доста праведно. УЈП е подготвена и мора да биде подготвена. Секако како и досега се случувало не е првпат да падне системот. И претходно во минатото сме имале такви технички проблеми од ИТ аспект и се надевам дека ќе имаат разбирање обврзниците“, посочи директорката на УЈП.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе