Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.
Температурите на повисоките места утре наутро ќе се спуштат под нулата, нешто помалку студени утрата ќе бидат во сабота и недела, а максималните температури ќе бидат над десетиот степен.