Народна банка: Тренд на пад на просечната каматна стапка

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити со што сега таа е сведена на ниво од 4,80 проценти. Кај вкупните депозити во јуни се бележи минимално намалување на просечната каматна стапка од 0,01 процентен поен во споредба со минатиот месец и таа изнесува 1,09 проценти.

Народната банка денеска информираше за позначајните движења кја каматните стапки при што соопшти дека кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка во јуни изнесувала 3,94 проценти и таа на годишна основа е намалена за 0,76 процентни поени.

Кај новопримените депозити, пак, просечната каматна стапка бележи месечен раст од 0,02 процентни поени и сега таа изнесува 0,64 проценти, а на годишно ниво е забележан пад за 0,51 процентни поени.

Намалување на просечната каматна стапка се бележи и кај вкупните кредити одобрени за корпоративниот сектор така што во јуни таа изнесувала 3.93 проценти, додека кај вкупните депозити, каматната стапка е зголемена во споредба со претходниот месец и изнесува 1,27 проценти.

„Нагорната промена целосно се објаснува со зголемувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,06 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во денари со и без валутна клаузула бележат пад (за 0,14 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Во споредба со истиот период претходната година, оваа каматна стапка е намалена за 0,34 пп“, појаснуваат од Народна банка.

Кај домаќинствата, забележан е пад на просечната каматна стапка за вкупните кредити така што таа изнесува 5,63 проценти, а намалување има и кај стапката на вкупните депозити која во јуни изнесувала 1,07 проценти.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе