Народна банка: ММФ со високи оцени за монетарната политика, финансискиот сектор и банкарската супервизија

Во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во врска со одобрувањето пари од Инструментот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ) објавен завчера се наведува дека Народната банка постојано води соодветни политики и соодветно реагира на различни шокови, одржувајќи ја успешно стабилноста и бранејќи го девизниот курс на денарот, информираа од Народна банка.

Како што велат од Народна банка, во однос на финансиската стабилност, банкарскиот систем е добро капитализиран и отпорен на шокови.

„За ова, како што се наведува во Извештајот, придонесува и ефективната супервизија, којашто работи по високи меѓународни стандарди, има силна правна и регулативна рамка и соодветни оперативни практики. При спроведувањето на своите функции, Народната банка применува силни стандарди за одговорно работење и висок степен на транспарентност во работењето. Аранжманот ПЛЛ ќе го зајакне закрепнувањето на домашната економија, по влијанието на двата последователни шокови од пандемијата и руската инвазија на Украина и ќе ги поддржи напорите за зајакнување на макроекономската и финансиската отпорност на државата во услови на значителни предизвици од надворешно опкружување. Воедно, пристапот до средствата на Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ ќе помогне во зајакнувањето на девизните резерви", пишува во соопштението на народна банка.

Од таму велат дека ММФ при процесот на одобрувањето на ПЛЛ, меѓу другото, ја оценуваше соодветноста на монетарната политика, стабилноста и супервизијата на финансискиот сектор, политиката на девизниот курс, како и соодветноста на статистичките податоци. Притоа, оценува дека во однос на сите четири критериуми се постигнуваат силни резултати, што укажува на добра подготвеност на Народната банка да одговори и на идните предизвици.

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во октомври годинава и одобри на Македонија заем од 530 милиони евра преку Кредитната линија за претпазливост во рок од 24 месеци. Парите се наменети за справување со енергетската криза во земјава.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе