Наместо изедначување на акцизата на екстралесното со дизелот, ќе се изедначува квалитетот

Анализата е готова, одлуката ќе се објави наредната недела. Министерството за финансии по повеќе од еден месец  ќе пресече за екстраленсото гориво, но нема да ја изедначи акцизата со таа на дизелот како што бараше Стопанската комора. Туку ќе се оди на  изедначување на квалитетот на екстралесното со тој на дизелот.

Еден од чекорите е изедначување, односно зголемување на квалитетот на екстралесното со дизел горивот. „Ќе видите во самата анализа понатаму  дека еден од чекорите е зголемување или изедначување меѓутоа многу важно е системски со воведување на можеби извесен поврат бидејќи имаме јавни институции кои над 30 проценти се учесници во потрошувачката на горивото. Согласно тоа јас ветувам дека ќе донесеме соодветни одлуки базирани на податоци во насока на заштита на животната средина и дека истите ќе може да започнат да се преземаат веќе во следниот период“, рече Ангеловска.

„Телма“ ги консултираше познавачите кои велат дека со ваква одлука злоупотребите дополнително ќе се зголемат. Сега  ќе имаме едно гориво со различна акциза и цена и нема да се знае кој кое гориво ќе го користи. А, бидејќи државата призна дека ниту до сега не можеше, ниту од сега ќе може да ги открива злоупотребите.

„Се поставува прашањето зошто некој би ставил дизел гориво по повисока  цена кога истиот може да наточи екстралесно со ист квалитет, а со пониска цена“, коментираат познавачите, потенцирајќи дека вакво решение нема никаде во свет.

Инаку, потребата на домаќинствата и институциите за есктралесно е 5 милиони литри годишно, а во државава влегуваа над 50 милиони литри. Јавна тајна е дека вишокот завршува во резервоарите на возилата како замена за  дизел, а од пониската акциза за екстралесното државата губи по 30 милиони евра годишно.

Дополнителен проблем е и тоа што и покрај тоа што ова гориво е забрането за точење од 15 април до 15 октомври, сепак потрошувачката и во тој период не спласнува.

За ова алармираше Регулаторната комисија за енергетика која го поддржа предлогот за изедначување на акцизите, но тој на помина во финансии.

Ангеловска кажа дека одлуката ќе ја соопшти наредната недела, а со оглед  на тоа што вонредната состојба трае до 14 јуни, се наметнува дилемата зошто Владата не го реши дефинитивно овој долгогодишен проблем од кој најголеми штети трпи и дополнително ќе трпи буџетот.

Инаку екстралесното гориво е тргнато од употреба во најголем дел од земјите на ЕУ и во регионот, јавува ТВ Телма.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе