Најголемиот трговски настан во годината закажан на 26 ноември

На 26 ноември ќе се одржи најголемиот трговски настан во Македонија во организација на магазинот Инстор (InStore- и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Станува збор за 6 FMCG Summit 2020 кој едуцира, информира и ги обединува професионалците од секторот. Самитот се одржува еднаш годишно и секоја година има повеќе од 350 посетители. Годинава истиот ќе се одржи онлајн и ќе може да се следи бесплатно само на 26 ноември.

Ексклузивен гостин - говорник е д-р Надја Жексембаева, бизнис сопственик, едукатор, говорник и автор, жената нареченa „гуру за реинвенција“ и „кралица на повторното откривање“.

Говорници се и Антонио Зрилиќ, експерт за Supply Chain и логистика и основач на компанијата „Логико“, Кина Демирел, директор за маркетинг комуникација и CRM во Migros Ticaret A.Ş., Иван Крушковиќ, SEFF Commercial Leader Adriatic's во „Нилсен“, Митка Мојсовска, финансов директoр на "КОЛА" Скопје, Ана Јелачиќ, партнер и сениор фасилитатор DesignThinkers Academy Adriatic, Петар Ќорлука, сопственик на “Виолета“, БиХ,Јелена Кнежевиќ Влаховиќ, консултант и поранешен директор за набавка во Mercator S и Delhaize, Поликарп Арсеновски, основач и генерален менаџер на THRIVITY и Филип Станковиќ, научник за карактеризација на производи, Сектор за истражување и развој на Филип Морис Интернешнал, Нојшател Швајцарија.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе