Агенција за електронски комуникации

Најголем број претплатници има А1 Македонија со 48,14 отсто

Заклучно со првиот квартал годинава во државава се регистрирани 1.920.834 претплатници во мобилната телефонија. Од резиденцијалните 754.337 се припејд, а 917.605 постпејд, покрај кои има и 248.892 деловни постпејд претплатници, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации.

Најголем удел во вкупниот број претплатници има А1 Македонија со 48,14 проценти, по што следат Македонски Телеком со 47,45 проценти, Лајкамобиле со 3,12 проценти, Роби со 1,22 проценти, Греен мобиле со 0,07.

Во приходите од обебзедување услуги, пак, најголем удел има Македонски Телеком со 51,32 проценти, а А1 Македонија учествува со 47,19 проценти.

Според податоците на АЕК, во првиот квартал годинава се регистрирани 1 403 888 претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку преку мобилна мрежа (2G/3G/4G), а со најголем удел во вкупниот број е А1 Македонија со 49,60 проценти.

Заклучно со првиот квартал годинава вкупниот број на фиксни линии (сите технологии) во државава изнесува 426.255, при што Македонски Телеком е со удел од 52,50 проценти, а А1 Македонија со 41,07 проценти

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе