Најдобри опции за чување на вашите пари

Во неколку наврати ја потенциравме важноста на штедењето, чија корисност не треба во никој случај да се потцени. Има безброј причини зошто да заштедите пари – тргнувајќи од заштита во случај на финансиска криза, избегнување долгови, намалување на финанскиските стресови, па сè до обезбедување финансиско наследство за вашите најмили. 

Доколку веќе сте ја стекнале оваа здрава навика, сосема е природно да се запрашате каде да ја чувате вашата заштеда, за истата да биде безбедна. Штедењето во банка е една од најдобрите финансиски навики што можете да ги усвоите, имајќи предвид дека доколку истите ги орочувате, износот на депонираните средства ќе се зголеми за висината на каматата. Па така, вашето штедење ќе премине во заработка.

Во Халкбанк постојат повеќе производи наменети за штедење, кои се прилагодени на различни потреби и разлики во динамиката на животните стилови. Овој октомври, во светскиот месец на штедење, најактуелен  депозит на Халкбанк е Промо депозитот кој нуди можност за орочување на средствата на 13 и 25 месеци. Овој производ се карактеризира  со атрактивни каматни стапки од 1 отсто за заштеди во денари и 0,80 отсто во евра кај депозити орочени на 13 месеци, односно 1,30% за денарско штедење и 1% за штедење во евра за орочување на период од 25 месеци. Каматите се фиксни за периодот на орочување, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра. Понудата за Промо депозитот важи само во периодот од 1ви до  31ви октомври 2021 година.

Примамливи каматни стапки  се присутни и кај  Иволв (Evolve) депозитот, кој  се карактеризира со  каматна стапка што расте на секои 6 месеци. Овој депозит ви овозможува остварување  принос од 2,7% за штедење во денари, односно 1,7% за штедење во евра во  рок од 24 месеци сметано на иницијалниот влог. Кога станува збор за  Evolve депозитот, Халкбанк нуди два типа депозити – Evolve депозит со можност за дополнителни вложувања и Иволв депозит со можност за предвремено раскинување, па секој штедач може да го одбере посакуваниот начин на орочување кој најмногу соодветствува на неговите барања и потреби.

Доколку сте корисник на електронското банкарство на Халкбанк, постои можност да  отворите  Онлајн депозит по електронски пат  без потреба од физичка посета на филијалите на Банката. Орочувањето кај Онлајн депозитот може да биде на 6, 12 или 24 месеци.

Понатаму, производот Мој депозит овозможува повлекување средства, при што на повлечениот дел од депозитот се песметува камата по видување, додека за останатиот дел се пресметува камата по договор. Овој модел на штедење е достапен за сите физички лица кои во Халкбанк имаат прилив по основ на плата, пензија или дополнителни примања.

За секојдневно штедење соодветен и особено корисен е Отворениот депозит бидејќи нуди можност за дополнителни и повеќекратни уплати во текот на едногодишниот договор за орочување. Депозитот може да се надополнува и преку електронско и мобилно банкарство или со траен налог. За штедачите кои се заинтересирани за исплата на месечни камати или исплата на камати на крајот на периодот на орочување, Халкбанк го препорачува генералното штедење со фиксна каматна стапка.Валути во кои се орочуваат средствата за овој тип на штедење, се денари, евра и американски долари.

Корисницитена Мастеркард дебит контактлес картичката на Халкбанк, можат да штедат и при секое плаќање, со производот е-касичка, по чие активирање, со секоја трансакција, одреден износ се трансферира на посебна штедна сметка, наменета исклучиво за овој тип штедење. Е-касичка ви овозможува самостојно да го одберете износот што би сакале да се заштеди при секоја извршена трансакција со Мастеркард дебит контактлес картичката.

За најмладите, идни штедачи, односно за сите родители  кои сакаат да обезбедат посигурна иднина и финансиска стабилност за своите деца, Халки, се погрижи да обезбеди Детско штедење, чии главни карактеристики се фиксни каматни стапки, рок на орочување до 60 месеци и можност за повеќекратни уплати.

Несомнено, дури и малите заштеди може да обезбедат своевидна сигурност, стабилност и подготвеност да се одговори на неочекувани потреби. Доколку сте во потрага по мотивација за да заштедите пари, или потребно ви е безбедно место за чување на вашите парични средства, вие сте на вистинското место! Нека овој октомври ги постави темелите на вашите штедни влогови! Искористете ги бројните поволности и бенефити на Промо депозитот на Халкбанк и започнете да штедите за безгрижна иднина.

 Комерцијален текст

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе