Најавени повисоки плати и нови инвестиции во ТИРЗ

Поттикнување на нови инвестиции и како да се стимулира растот на платите беа во фокусот на разговорите на директорот на Дирекција за технолошко развојни зони Јован Деспотовски и претставници на компаниите Кемет, АРЦ и Гересхајмер. Деспотовски го презентираше новиот концепт во работењето и новиот начин на поддршка за странските инвеститори. Компаниите изразија задоволство од новите предлози и истовремено најавија конкретни планови за проширување на своите производствени капацитети и повисоки плати.

„Со новиот модел на државна поддршка  целта ни е да се привлечат инвестиции во повисок квалитет. Дополнително заедно со компаниите ќе работиме и на креирање на програма за развој на вештини што ќе треба да доведе до забрзан раст на платите. Она што особено охрабрува е што компаниите во зоните и во време на криза имаат раст на вработеноста од речиси 1%, а се очекува трендот на раст да продолжи, “порача Деспотовски, по средбите.

Дел од компаниите веќе најавуваат конкретни планови за проширување на производствените капацитети како и воведување на нови производствени линии на производи со повисок квалитет и повисока додадена вредност.

Деспотовски најави и старт на инвестициски циклус од 15 милиони евра во основната инфраструктура во повеќе зони. Овој план за првпат е изготвен во соработка со корисниците и според нивните потреби.Предвидени се повеќе зафати меѓу кои и физичко поврзување на зоните ТИРЗ 1 и ТИРЗ 2 во Скопје.

ТИРЗ исто така развива и целосно нов концепт на организација во делот на aftercare, односно грижата на корисници со воведување на принципот на „една влезна точка“.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе