Апликација „КарантWin“

Наградна игра на Триглав за почитување на препораката за социјално дистанцирање

Од денеска Триглав осигурување почнува со наградна игра под називот „карантWin”. Наградната игра им дава можност на учесниците да добијат награда, само со тоа што го почитуваат социјалното дистанцирање, што е еден од најголемите предизвици во овој период.

Во време кога луѓето се соочуваат со низа прописи, правила и социјално дистанцирање, Триглав осигурување, со единствена цел да ја поддржи борбата против пандемијата со ковид-19, одлучи да ги поттикне граѓаните да се придржуваат до препораките за социјално дистанцирање, со можност да бидат наградени.

Учесниците во наградната игра карантWin единствено треба да се придржуваат до препораката за социјално дистанцирање најмалку 14 дена, со што добиваат можност да добијат награда.

За да се учествува во наградната игра, секој заинтересиран треба да ја преземе мобилната апликација „карантWin“, достапна на електронскaтa платформа Google Play Store. Мобилната апликација им овозможува на корисниците да ја регистрираат локацијата на која престојуваат преку GPS податоците на нивниот мобилен телефон и овозможува движење во радиус од најмногу 100 метри. Доколку учесникот се оддалечи повеќе од 100 метри, бројот на денови се враќа на почеток.

Податоците се чуваат единствено во мобилниот телефон на учесникот и не се преземаат без негово одобрување. Сите податоци трајно се бришат со бришење на апликацијата од мобилниот телефон.

Наградната игра ќе трае од денеска до 24 јули 2020 година, а во рамките на три извлекувања ќе бидат доделени бројни парични награди и ваучери за осигурување.

„Живееме во време и во околности кои на сите нам ни се случуваат по прв пат. Соочени сме со предизвици, кои не се лесни, но социјалната дистанца ни ги дава одговорите на многу прашања, како да се справиме со ситуацијата и да не дозволиме таа да ескалира, како да ја спречиме оваа пандемија, која одзема животи и влијае на сите аспекти од социјалното и економското живеење. Сметавме дека, како компанија, можеме да помогнеме со тоа што ќе внесеме малку забава во животите на луѓето, но уште поважно, ќе ги поттикнеме да ја почитуваат оваа препорака, која во моментов значи заштита на здравјето за сите нас. КарантWin е наградна игра, со која што го правиме токму тоа, на многу едноставен начин ги мотивираме луѓето да се придржуваат до препораките на надлежните институции, да седат дома и за тоа ги наградуваме со поединечни парични награди и до 30.000. денари. Во оваа ситуација сите ние треба да го дадеме нашиот максимум и да помогнеме онака како што можеме. Триглав е компанија, која е секогаш спремна да инвестира во општеството во кое што  работи и сметам дека е наша должност да се обидеме и да придонесеме кон што подобри резултати”, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на компанијата, Ѓорѓе Војновиќ.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе