Наградна игра на Шпаркасе банка Македонија во соработка со Виса

Денеска почнува наградната игра „Happy Visa викенд" за сите клиенти на Шпаркасе банка Македонија, корисници на дебитни и кредитни картички Виса (Visa), кои со секоја трансакција на износ поголем или еднаков на 500 денари, имаат можност да освојат една од многубројните награди. Главна награда е автомобил Киа спортаж (KIA SPORTAGE) и 70 ваучери за патување во Македонија.

Во наградната игра која ќе трае до 24 септември право на учество имаат сите полнолетни лица – државјани на Македонија (лица со и над 18-годишна возраст), кои се корисници на платежни картички за физички лица од брендот Виса издадени од Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, како и Виса картичките на поранешната Охридска банка АД Скопје, која се присоедини кон Шпаркасе.

Во наградната игра се вклучени сите трансакции направени од корисникот на картичката и/или од корисниците на дополнителните картички на продажните места и е-commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и надвор од неа. Во наградната игра не влегуваат исплати на готовина од банкомат или од ПОС-шалтер, членарини, провизии, како и сторнирани трансакции.

Физичките лица корисници на дебитните платежни картички Виса на Шпаркасе за секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500 денари добиваат една шанса за учество во наградната игра. Лицата корисници на кредитните платежни картички Виса на Шпаркасе за секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500 денари добиваат двојна шанса за учество во наградната игра. Доколку еден учесник поседува повеќе од една картичка од банката, во тој случај учествува со секоја поединечна картичка во наградната игра доколку ги исполнува условите.

Извлекувањето на добитниците на наградите ќе се врши секој петок почнувајќи од 20 август, а ќе заврши на 1 октомври во 12 часот во просториите на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, на ул. Македонија број 34, Скопје. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор, со специјален софтвер развиен за потребите на наградната игра. За време на извлекувањето ќе бидат присутни двајца претставници од Шпаркасе банка Македонија АД Скопје и нотар.

Секој петок од 20 август ќе се извлекуваат по 10 добитници на ваучери, додека на главното извлекување покрај 10 викенд патувања, ќе биде извлечен и еден добитник на главната награда, автомобил KIA SPORTAGE, соопшти банката.

 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе