Нафтата за домаќинствата поевтинува за 3 денари, а поскапува бензинот од 98 октани

Од вечерва по полноќ малопродажната цена на нафтата за домаќинствата (Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1) се намалува за 3 денари по литар,  додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за 2 денари. Цените на другите горива не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија.

Максималните цени на нафтените деривати по полноќ ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС     - 95 90,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС     - 98 94,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)       - 99,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)- 93,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,067 (денари/килограм)

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе