Во клубот веќе има повеќе од 300 наслови и секој ќе може да дојде да прочита тоа што го интересира, да пронајде податоци и документи за роднини и пријатели каде избегале и која година.
Крајната цел е да го одржиме отворено прашањето на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонијам рече Луктровски.
„Она што можеме да го направиме е на децата да им ја пренесеме вистината. Како јас што сум ја слушал од моите баба и дедо кои ми оставиле аманет дека сум Македонец, треба и ние да им го пренесеме на децата. За жал децата не знаат речиси ништо, но треба да се прашаме колку ние зборуваме за тоа и колку сме им пренеле“, рече Лукровски.
На отворањето присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На 12 мај претстојат и Беломорските видувања, еден од најмасовните настани на Македоните од Егејска Македонија, на кој ќе присуствуваат и гости од Пирин и од Егеј.