Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО)

Над 114.500 граѓани лани купиле полиси за здравствено осигурување

Бројот на лица кои купиле здравствено осигурување лани пораснал за 5 пати во однос на 2019 година, а во полиси граѓаните вложиле 4,45 милиони евра што е за 45 отсто повеќе од 2019 годинa. Бројот на граѓани кои купиле полиси за здравствено осигурување лани се зголемил за 5 пати во споредба со 2019 година, покажуваат официјалните агрегатни податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за 2020 година.

Вкупно 114.559 граѓани лани одлучиле да купат полиси за здравствено осигурување и тоа е за 93.161 осигуреник повеќе од претходната година кога полиси за здравствено осигурување имале 21.398 лица. Во своите полиси за здравствено осигурување лани граѓани вложиле 4,45 милиони евра и тоа е за 44,8 отсто повеќе од бруто полисираната премија (вредност на продадени полиси) во претходната година. Полисите за здравствено осигурување лани го продавале 10 компании за неживотно осигурување.

Влијание врз растот на продажбата на осигурителни полиси за здравствено осигурување лани има пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19, но и добрите корпоративни практики на се повеќе фирми кои купуваат полиси за здравствено осигурување за своите вработени.

Лани компаниите за неживотно осигурување на своите осигуреници им исплатиле штети во вкупен бруто износ од 1,72 милиони евра врз основ на покритијата од полисите за здравствено осигурување. Во споредба со 2019 година износот на бруто исплатени штети кои компаниите ги платиле на осигурениците се зголемил за 44 отсто.

АСО апелира до сите потенцијални осигуреници при изборот на осигурително друштво особено да обрнат внимание на ризиците кои се опфатени со осигурувањето и дали, заради актуелниот момент, се покриени ризици предизвикани од пандемии или епидемии.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело, основано во 2009 година, кое го регулира пазарот за осигурување и се грижи за заштита на правата на осигурениците и развој на перцепцијата за значењето на осигурувањето.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе