Фонд за осигурување на депозити

Над 100 илјади граѓани не подигнале дури 2,4 милиони евра од пропаднатите банки и штедилници

Од пропаднатите банки и штедилници во земјава над 100 илјади граѓани не подигнале дури 2,4 милиони евра, иако имале право да бидат обештетени. Половината од нив имале мали износи од 100 до илјада денари на штедна книшка, но другата половина многу повеќе, а сепак, не ги подигнале.

Според податоците од Фондот за осигурување на депозити, од јануари 1997 година до крајот на јуни лани, во земјава пропаднале вкупно 11 банки или штедилници за кои вкупното обештетување било 24,7 милиони евра, иако граѓаните во нив чувале вкупно 29 милиони евра. Најмногу пари биле заробени во Македонска банка а.д. Скопје во ликвидација, каде во моментот на пропаѓање граѓаните имале 29 милиони евра, а осигурани биле или обештетувањето изнесувало 21,2 милиони евра, од кои до крајот на јуни лани се исплатени вкупно 18,9 милиони евра или 89,17 проценти. За разлика од Македонска банка, во другите пропаднати банки и штедилници обештетувањето одело до над 95 проценти.

Во извештајот на Фондот стои дека парите од обештетувањето на биле подигнати од лични причини.

„Над 50 отсто од нив имаат поединечни депозити – предмет на обесштетување помеѓу 100 денари и 1.000 денари кои можеби поради неатрактивноста на износот и покрај бројните јавни повици не го оствариле правото на обештетување“, се наведува во Извештајот.

На веб страницата на Фондот сѐ уште стои повик до граѓаните кои штеделе во оваа банка дека можат да побараат обештетување, под услов да докажат дека тие или нивните починати роднини штеделе во оваа банка.

Во земјава досега се пропаднати: Експорт импорт банка, Македонска банка, Радобанк Скопје, Алмако банка и штедилниците Уни-проком, Митштедилница – Куманово, Киро Ќучук – Велес, „Фершпед”, ИНКО, Интерфалко и штедилницата АМ од Скопје сѐ уште не се обештетени. Вкупниот износ на пари кои треба да ги земат изнесува 149,9 милиони денари.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе