Собрание

На ребалансот на Буџетот се поднесени 222 амандмани, од нив 153 се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ поднеле 153 амандмани на ребалансот на Буџетот, а вкупно се поднесени 222 амандмани, информираше Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на комисиската расправа за ребалансот.

„Комисиската расправа ќе трае 10 дена и преку неа, преку одговорна дебата ќе понудиме соодветно образложени аргументи и објаснувања, потврдувајќи ги фактите дека понудениот ребаланс е одлика на една неодговорна власт која ниту се обидува, ниту пак сака да размислува стратешки и перспективно и во интерес на државата и нејзините граѓани“, рече Муцунски.

Пред новинарите ја критикуваше власта за јавниот долг во земјава кој го достигнал највисокото ниво во нашата историја.

„Сите ние должиме над 7 милијарди евра, што претставува 63% од Бруто домашниот производ. Нашата држава никогаш не била позадолжена. СДСМ кога ја презеде власта во Република Македонија јавниот долг изнесуваше 4,7 милијарди евра и беше на ниво од 46%. За само 4 години владеење на СДСМ јавниот долг е зголемен за нови 2,4 милијарди евра.

Владејачката структура ни објаснува дека со ребалансот се зголемувале капиталните расходи и велиме тоа е одлична вест, но доколку ова ветување беше дадено од страна на Влада што знае да гради и исполнува. За жал вистината е сосема поинаква.

Ако пред 2018 година, 10% од Буџетот се трошел на капитални расходи, сега тој процент е помеѓу 6 и 7. Се ветува дека ќе се намали ДДВ-то на струјата, но фактички цената на струјата согласно посебната одлука на Регулаторната комисија за енергетика гледаме дека расте“, изјави Муцунски.

Според него, овој ребаланс потврдува дека Македонија се наоѓа во длабока економска криза.    

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе