На Меѓународниот саем во Тирана заеднички настап на фирмите од регионот

Претставниците на „Пекабеско“ АД Скопје, „ИМВ“ Битола, „Кораб Трница“, „Агро Вардарие“, „Тим ентерпрајс“ и „Биомарел шитаке“, преку средби, промоции, дегустации ги презентираа своите производи и потенцијалите за продлабочуање на соработката на пазарите во останатите земји од Западен Балкан на Меѓународниот саем во Тирана.

Во присуство на амбасадорот на Македонија Данчо Марковски, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески оствари разговори со бизнис делегацијата и околу можностите и програмите што ги нуди Коморскиот инвестициски форум за бизнис секторот.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и копретседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески во придружба на потпретседателката на Комората д-р Елена Милевска Штрбевска, учествуваа на отворањето на Меѓународниот саем во Тирана на кој на заеднички штнад во организација на КИФ учествуваше 31 компанија од шестте земји од Западен Балкан.

„Меѓународниот саем во Тирана преставува добра можност за компаниите од регионот на Западен Балкан да ги презентираат своите производи, да ги зајакнат постојните и истражат нови можности за извоз, како и  да воспостават нови деловни односи со партнери од Албанија, останатите земји од Западен Балкан или пак други земји.

Во рамки на саемските активности Азески заедно со Светозар Јаневски, член на бизнис советот на КИФ, остварија деловни средба со истакнатиот албански бизнисмен Васил Наци и најуспешните албански бизнисмени.

Во текот на денешниот ден Азески заедно со заменикот на претседателот во македонската Влада задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во Тирана ќе остварат дополнителни деловни средби“, соопштија од Стопанската комора.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе