На Јавните претпријатија им треба вакцинација против корупција

Замислете ја човечката популација без имунитет. Одбранбениот механизам против болести не би постоел и луѓето би биле подложни на жестоки напади од вируси и бактерии.

Е сега замислете ги јавните претпријатија и фирмите во државна сопственост без имунитет кој ќе им овозможи борба против страшниот вирус наречен корупција. Наодите од анкетата во 48 такви претпријатија покажуваат дека 92 отсто од нив немаат стекнато имунитет за борба против корупцијата затоа што немаат воспоставено политика за спречување на корупцијата.
Секој од нас има матичен лекар кај кого оди кога ќе има проблем и тој доктор е надлежен да ви помогне и да ве заштити од несакани последици.
Но само 13% од јавните претпријатија имаат „доктор" односно овластено лице задолжено за пријавување на корупцијата, а од нив едвај 4% работат во посебна канцеларија што ја гарантира тајноста во пријавувањето.

Да претпоставиме дека не ви е добро. Што би се случило доколку една година треба да земате редовна терапија, но вие сами, произволно ја менувате секој месец или еднаш на два месеци? Вашиот организам нема да ја има потребната заштита. Кај претпријатијата еден од показателите на ризик од корупција е честото менување на планот на јавни набавки. Едно претпријатие го сменило планот за јавни набавки во 2017 година дури 13 пати, што значи дека планот бил менуван повеќе од еднаш месечно. Друго претпријатие планот го менувало на секои два месеци.
Во просек, планот за јавни набавки е менуван повеќе од еднаш. Кај 49% од
претпријатијата тој не е менуван, но кај сите останати има промени.
Честата промена на планот што претпријатието ќе купува, сугерира или лошо планирање, или прилагодување кон потребата на некој центар на моќ – бизнис или политика.
Како би реагирале доколку отидете кај вашиот доктор, но тој ви рече дека иако тој е вашиот лекар сепак прегледот ќе го изврши друг. Дека за стручноста која му стои во титулата всушност плаќа друг, приватен доктор да ја сработи работата, а за тоа ќе ви наплати вас? Колку ќе му верувате на вашиот доктор дека е способен да ја врши услугата ако тој ангажира друго лице да му ги заврши работите? Исто како докторите, и јавните претпријатија се основани за да пружаат определени услуги. Оттука, интересно е дека 29% од нив плаќаат на приватни фирми да изработат дел од работите кои тие треба да ни ги
понудат. Кај 27% од случаите, нема анализа на оправданоста тоа да го прави добавувач наместо самото претпријатие.
Целосната анализа за процедуралните празнини во јавните претпријатија може да ја најдете тука.
Проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела" (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) го спроведува Институтот за демократија „Социетас цивилис" и е финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе