На 1 март почнува новата наградна игра на Макпетрол „Верна секогаш со Вас!“

Денеска компанијата Макпетрол АД ја промовираше новата наградна игра за 2020 година - „Верна секогаш со Вас". Наградната игра почнува на 1 март, а извлекувањето на главната награда ќе биде одржано на 7 декември 2020 година.

„Веќе пет години Макпетрол преку платформата Верна ги наградува своите најверни потрошувачи. Посебно сме горди што можеме да се пофалиме со голем број редовни и верни потрошувачи, за кои секогаш се трудиме да овозможиме квалитетни производи и услуги. Бројот на членови на Верна програмата за лојалност постојано се зголемува и веќе се приближува кон 190.000. Досегашната прифатеност на Верна програмата недвосмислено говори за задоволството на нашите лојални потрошувачи, што истовремено претставува и дополнителна обврска за нас. Следејќи ги современите светски стандарди, постојано се стремиме кон што поуспешно задоволување на потребите на потрошувачите. Токму затоа, нашите бензински станици ги конципираме како мултифункционални услужни објекти, односно места во кои патниците ќе можат да добијат се што им е потребно.

Бројноста на членовите на Верна програмата јасно го отсликува  задоволството на нашите лојални потрошувачи. Оваа наградна игра е начин да ја изразиме благодарноста за довербата која ја добиваме со секој литар купено гориво или производ во нашите продавници. Наше задоволство е кога гледаме дека истата е широко прифатена и е истовремено уште еден успешен проект на нашата компанија“, вели Мишко Тасевски, раководител на Секторот маркетинг во Макпетрол.

Претходните четири години преку Верна платформата и наградните игри, од компанијата кажаа дека добиле можност да се запознаат со среќните добитници и одблиску да ја почувствуваат нивната радост, без разлика дали станува збор за доделување на симболична или пак една од главните награди.

„Веруваме дека со Верна програмата, односно континуираните наградни игри воспоставивме пракса на еден убав проект кој носи среќа и насмевка кај нашите потрошувачи, а нас, во Макпетрол, ни докажува дека трудот кој го вложуваме во нашата работа не е залуден“, додаде Тасевски.

„Макпетрол како водечка компанија во областа на малопродажба на нафтени деривати во државата и оваа година ќе продолжи со низа инвестиции за модернизирање на постојните капацитети, со единствена цел – создавање на подобри услови за нашите потрошувачи. Притоа, дополнително се трудиме да ги зголемиме и поволностите за корисниците на Верна програмата за лојалност. Како лидер во својата област, секако дека имаме и поголема одговорност, најмногу кон потрошувачите.

Затоа секогаш се стремиме кон одржување на квалитетната услуга и создавање нови погодности, целосно посветени на потребите на корисниците. Затоа, денес со особено задоволство, како одговор на довербата која ни ја даваат нашите потрошувачи, најавуваме почеток на уште една наградна игра преку која нашите лојални потрошувачи ќе имаат можност да се стекнат со голем број вредни награди.

Верувам дека главните критериуми за учество се веќе добро познати на сите. За почеток треба да бидете член на платформата Верна, а потоа со секоја извршена трансакција на бензинските станици на Макпетрол ги впишувате стекнатите ВЕРНА поени на вашата членска картичка. Со секои впишани од 10 до 19 поени на Вашата Верна картичка добивате една шанса за награда. Доколку впишете 20 и повеќе поени добивате 2 шанси за награда. Колку повеќе трансакции, толку шанси за добивка“, истакна Зоран Доневски, директор на Дирекција за големопродажба на Макпетрол.

Потрошувачите ќе имаат можност својата среќа да си ја пробаат во девет редовни, три мастер и едно финално коло, со тоа што извлекувањето на главната награда ќе биде одржано на 7 декември.

Во редовните кола, компанијата секој месец подарува: лаптоп Dell, викенди за двајца во хотелите на Макпетрол, 10 ваучери за гуми, 10 ваучери за Лубекс моторни масла, 10 ваучери за Кристал Кар средство за стакла, 10 ваучери со Верна поени во вредност од 1.000 денари.

Главни награди оваа година ќе бидат доделени во три мастер и едно финално коло се: 

1 скутер Honda PCX 125,  1 мотор Honda Z125M, 1 гумен чамец Highfield Ocean Master 420 со мотор Tohatsu 30 КС и приколка.

Финалната награда за 2020 година ќе биде прекрасната Honda CR-V Elegance Navi.

„Досега, во изминатите четири години во наградната игра учествуваа околу 4 милиони квалификувани трансакции, а подаривме 2.000 награди на нашите верни потрошувачи. Би сакал овие бројки да бидат поттик за оние кои сѐ уште не се дел од семејството Верна да аплицираат и да станат потенцијални добитници. За оние потрошувачи кои сѐ уште не извадиле картичка Верна, тоа можат да го сторат уште денес со пополнување на податоци во најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција од 10 поени да станат и дел од новата наградна игра“, додаде Доневски.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе