МЗШВ: Во петок завршува рокот за барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година

До крајот на оваа недела, односно заклучно со петок 31 јули, трае рокот за поднесување барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во овој период се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади.

До крајот на месецот, како што наведуваат, барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели, свињи, а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.

Барањата за добивање финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ во целата држава, кои им стојат на располагање за се што ги интересира во врска со поднесувањето на барањата.

На веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што соопштуваат, се објавени телефонските броеви на раководителите на сите подрачни единици на МЗШВ, со цел земјоделците да имаат можност и телефонски да побараат помош.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе