НОВА ИНОВАТИВНА УСЛУГА

Мудрите корисници на Визер ќе можат да си обезбедат најдобар билет за 48 часа

Авиокомпанијата Визер  најавува нова услуга за патниците - „Fare Lock“, што ќе им овозможи на патниците да си го обезбедат летот со пакет по нивен избор за 48 часа. 

Ова е уникатна функција креирана за да ги задоволи потребите и желбите на нашите патници, велат од Визер.
Оваа услуга им нуди можност на патниците на Визер да обезбедат селектиран билет за период од 48 часа за надоместок 3 евра за едно лице за резервации креирани повеќе од 7 дена пред датумот на заминување или датумот на првиот лет во случај на повратно летање.

Услугата може да се користи за резервации за еден правец, повратни летови и за неколку патници. Избраните летови, името или бројот на патниците не можат да се модификуваат во врска со обезбедената цена откако ќе се изврши исплата на заштитата на тарифите.

Со цел да се финализира резервацијата по цена обезбедена од оваа услуга, корисниците на Визер ќе мора да уплатат целосен износ на билет со кредитна картичка или со користење на кредит сметката во рок од 48 часа со пристап на страната на My Bookings. Ако резервацијата не е финализирана во рок од 48 часа од користењето на услугата „Fare Lock“, резервираната цена ќе биде автоматски откажана.

Она што нѐ кочи во изнаоѓањето на решение за името е непознавањето на теоријата за преговарње од надлежните, но и од оние кои и досега учествуваа и нѐ советуваа во преговарањето.

повеќе

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе