Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот ковид-19, исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
3 декември (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
4 декември (петок) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;
Корисниците на ГМП коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 3 декември 2020 година.
Останатите права од социјална и детска заштита започнуваат со исплата на ден 4 декември , за граѓаните кои поседуваат дебитна картичка .
Тие ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, за следниве права: детски додаток, посебен додаток, ЕПП за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, додаток за образование, надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна парична помош, надоместок заради попреченост, цивилна инвалиднина, социјално домување, социјална сигурност за стари лица-социјална пензија, азиланти домување, парична помош за згрижувач и паричен надоместок за згрижувачко семејство.
Исплатата на овие права ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
7 декември (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
9 декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.