Македонско-романски форум организиран од Стопанска комора на Северна Македонија

Можност за раст на надворешно-трговската размена и зајакнување на партнерскиот однос меѓу Македонија и Романија

Поголема соработка на ниво на целокупната економија со акцент на земјоделско-прехранбениот сектор, животната средина, туризмот и индустријата, вмрежување на компаниите од двете земји, користење на искуството на Романија за влез во Европската унија, „know-how" во користење на европските фондови за повисок степен на иновативност ,конкурентност и освојување на повеќе европски пазари, го одбележаа македонско-романскиот економски форум организиран од Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Романија и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, соопшти Комората.

Денешниот настан како прв чекор кон продлабочување на соработката, претставува одлична можност за вмрежување на претставници од компаниите од двете земји, а истовремено и можност за воспоставување соработка на полето на размена на искуствата од романските компании и нивната економија во пристапувањето на земјата кон Европската Унија, истакна во поздравното обраќање, извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија, м-р Антони Пешев.

На патот кон кој што се стреми нашата земја, од особено значење е можноста да се споделат искуствата и за начините на користење на средства од фондовите на Европската Унија, чија основна функција е поттикнување на конкурентноста и иновативноста на македонските производи, со цел отворање нови можности за настап на европскиот пазар, додаде Пешев.

Тој рече дека Романија е значаен трговски партнер што се потврдува и со податоците за остварената вкупна трговска размена на Македонија со Романија. Во првите 4 месеци од 2021 година, трговската размена меѓу двете земји достигна вредност од 134,5 милиони американски долари, што и покрај здравствено економската криза покажува раст од 26,32 % во однос на истиот период од претходната година.

„Нашите заложби за во иднина се засноваат на продлабочување на соработката и иницирање на што поголем број на активности кои значително ќе придонесат за раст на надворешно-трговската размена и зајакнување на партнерскиот однос меѓу Северна Македонија и Романија. Токму во таа насока, изразуваме благодарност на амбасадорот господин Габриел Атанасов за искажаната иницијатива по одржаната средба во Стопанската комора на Северна Македонија, да воспостави комуникација со претседателот на романската комора, господин Михаи Дарабан, што резултираше со денешната одлука за потпишување на договор за соработка меѓу најголемите бизнис асоцијации од двете земји, Стопанската комора на Северна Македонија и Трговско-индустриската комора на Романија. На тој начин и официјално ќе се постави рамка за унапредување на соработката", рече Пешев.

Потпретседателот на Трговско-индустриската комора на Романија, Аурелиан Гогулеску, во своето обраќање истакна дека од страна на романската бизнис заедница постои голем интерес за соработка со македонските компании но и за инвестирање во Македонија.

Со потпишувањето на договорот за соработка меѓу двете комори, ќе се постават заеднички цели, приоритети и активности што ќе придонесат за интензивирање на соработката на институционално ниво но и на ниво на бизнис заедниците.
„Договорот има за цел размена на позитивните искуства и подобрување на соработката особено во доменот на клучните економски сектори, чии што претставници се присутни и на денешниот форум", додаде Гогулеску.

Во своето поздравно обраќање, Моника Аксинте, амбасадорка на Романија, изрази поддршка на настанот и им порача на стопанствениците да ги искористат деловните средби за вмрежување и отпочнување на долгорочни партнерствава кои во иднина би имале позитивен ефект на економиите и од двете земји.

Во рамки на настанот, пред присутните стопанственици од страна на директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, беа презентирани и можностите и условите за инвестирање. Тој посочи дека од годинава Дирекцијата има нов концепт за привлекување странски инвестиции кој вклучува надграден „one-stop shop" систем, се фокусира на инвестиции со поголема додадена вредност, и предвидува индивидуализирани пакети со поволности во зависност од десет годишните проекции на потенцијалните странски инвеститори.

На форумот присуствуваа претставници на дваесет романски компании од различни сектори, како што се: градежништво, туризам, енергетика, информатичките технологии и управувањето со отпад, коишто имаа можност да се сретнат и да остварат билатерални средби со триесеттина претставници на домашни компании од земјоделско-прехранбениот сектор, животната средина, туризмот и индустријата.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе