Според премиерот

Можнo e Владата во вторник да пресече за рудникот Иловица

Ако сѐ биде завршено можно е овој вторник да се донесе одлуката за рудникот Иловица. Сѐ зависи од правно формалниот аспект на процедурите низ помошните владини тела, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање кога Владата ќе донесе одлука за рудникот Иловица.

Одлуката треба да ја донесе Владата, рече Заев, но не сакаше да ја коментира самата одлука, затоа што, како што рече, ќе ја образложи со сите детали.

„Знаат и граѓаните и концесионерите правно формалните можности не се исполнети“, рече Заев.

Деновиве активисти од Струмичкиот регион организираа протести против испитувањата што ги прави компанијата „Еуромакс“ на планината Огражден. Претставниците на неколку граѓански здруженија велат дека концесијата за рудникот за бакар е веќе одамна истечена.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе