МојДДВ #МојаНаграда: 15 граѓани кои скенирале сметки во март добија по 100.000 денари

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на март, информирата до Министерството за финансии.

Ванче Василески, Катерина Апостолова, Зорица Илиев, Весна Макашевска, Дејан Ѓошев, Славко Јанковски, Љика Митева, Фадил Угљанин, Сеља Хаџи, Војче Мирчески, Благој Тунџов, Фарук Ајрулаху, Виктор Устијаноски, Мише Милановски и Деан Андреевски се граѓаните кои беа извлечени во саботата, во вечерниот термин на Канал 5 ТВ.

Шестмина од наградените се од Скопје, по двајца добитници се од Струмица и од Прилеп и по еден од Штип, Охрид, Пробиштип, Тетово и Богданци.  
Во првото тримесечје, скенирани се вкупно 49,9 милиони фискални сметки со остварен промет од вкупно 21,9 милијарди денари со вкупен ДДВ од 2,2 милијарди денари.

 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе