„Моцарт“ донираше 500 килограми овошје за болницата во Козле

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) информира дека членка на асоцијацијата, компанијата „Моцарт“ донираше 500 килограми овошје на здравствените работници од Институтот за белодробни заболувања во Козле, како дел од хуманитарната акција за обезбедување и испорака на свежо овошје за медицинскиот персонал во инфективните одделенија ширум земјата.

„Оваа хуманитарна акција на членка на Асоцијатата на спортски обложувалници на Македонија, е само уште една потврда на општествената одговорност која ја има АСОМ и нејзините членки кон заедницата. И во мигови кога имаме редовно работење и во мигови кога сите се соочуваме со кризата со Ковид-19, тука сме ние, како Асоцијација и нашите членки да ја дадеме целосната поддршка на здравствениот систем, но и на пошироката заедница и граѓаните, онаму каде што е потребно“, изјави Васко Илијевски, претседател на АСОМ кој присуствуваше на предавањето на донацијата.

Досега во оваа хуманитарна акција на „Моцарт“ донирани се повеќе од 2 тони свежо овошје како директна поддршка за здравствените работници кои неуморно работат изминатите речиси шест месеци во третирање, лекување и поддршка на пациенти со ковид-19 и истата продолжува и во наредниот период. Кон тоа, оваа компанија, досега донираше повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата на коронавирусот, а реализираа и многу други хуманитарни акции.

„Компанијата Моцарт од појавата на вирусот во нашата држава организира општествено одговорни акции, помагајќи го здравствениот систем со донации, а сега дел од пакетот помош за борба против ковид го насочивме директно кон нашите херои - здравствените работници. Оваа акција ќе продолжи со реализација и во наредниот период во болниците ширум цела Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот. Досега дониравме повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата наменета за болниците, а реализиравме и многу други акции, меѓу кои набавка на заштитни средства, пакети со храна и донација на телевизори наменети за повеќе установи низ државата“, изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

„Ваков гест во овие моменти навистина многу ни значи, особено затоа што гледаме дека нашите напори се ценат, а тие се навистина многу големи. Пакетите свежо овошје сигурно добро ќе ни дојдат после напорниот ден. Голема благодарност до компанијата Moцарт, со која и претходно имавме соработка и реализираше донација во нашата установа“, изјавија од Институтот по белодробни заболувања Козле.

АСОМ е формирана 2013 година, а членки на АСОМ се: Моцарт, Спор Лајф, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Меридиан.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе