Мобилното банкарство на НЛБ банка сега достапно и на Хуавеј апгалери

НЛБ банка ги овозможи НЛБ мКлик - мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик - мобилното банкарство за правни лица на платформата апгалери (AppGallery), за корисниците на новите модели на Хуавеј мобилни телефони.

Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица на платформата на Хуавеј е од големо значење бидејќи обезбедува поголема достапност на дигиталните сервиси и можност истите да ги користат сите клиенти на банката.

НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик мобилното банкарство за правни лица имаат модерен и интуитивен дизајн и овозможувaат едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку овие две апликации за мобилно банкарство, клиентите можат да ги реализираат сите банкарски трансакции брзо и лесно само со еден клик. Воедно, НЛБ мКлик апликацијата ја нуди можноста  за аплицирање за НЛБ мКлик кредит, како и on-line отворање на трансакциска сметка директно преку мобилен телефон.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе