МТСП

Младите вработени во производна дејност ќе добиваат по 3.000 денари месечен младински додаток

Поттикнување на вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование е целта на мерката месечен младински додаток по 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност.

Предлог-законот за младински додаток, предложен од Министерството за труд и социјална политика беше утврден на седница на Владата и со него, како што соопштија од Министерството, придонесуваат за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваат потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. 

„Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование. Младински додаток може да користи младо лице кое е опфатено со задолжително социјално осигурување по основ на вработување кај работодавач или самовработување со претежна производствена  дејност, кое е вработено во приватна агенција за вработување и е отстапено на работа кај работадавач со претежна производствена дејност или е опфатено  во задолжително социјално осигурување како индивидуален земјоделец“, се наведува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе