Пристигна делегација од Јапонија

„Митцубиши“ сака да гради гасна централа во РЕК Битола и да биде готова за пет години

Јапонскиот гигант „Митцубиши“ е заинтересиран да изгради гасна централа за производство на струја во рамки на комбинатот РЕК Битола, но и за изградба на други постројки за трансформација на производството на струја на еколошки прифатлив начин во битолскиот комбинат. Јапонска делегација дојде да го посети македонскиот комбинат и да разговара во ЕСМ и во Владата. 

Делегација на јапонскиот производител „Мицубиши" ги посети АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола со цел испитување на можностите за изградба на гасна електрана со моќност од 250 MW во кругот на РЕК Битола, соопшти АД Електрани.

На средбите со Управниот одбор на АД ЕСМ и со менаџерскиот тим на РЕК Битола, претставниците на јапонскиот гигант, како што се посочува, изразија подготвеност за активно учество во изградба и на други постројки кои се предвидени во планот за трансформација на производството на електрична енергија во земјава, односно реализација на т.н. зелено сценарио во енергетиката.

Согласно податоците што ги сподели делегацијата на „Мицубиши", изминатите три години оваа јапонска компанија има вложено околу две милијарди евра во изградба на гасни централи за производство на електрична енергија. Врз основа на овие импозантни податоци, претставниците на „Мицубиши" гарантираат ставање во функција на гасната централа во РЕК Битола до почетокот на 2026 година.

Делегацијата на „Мицубиши" оствари средба и со преставници на Владата од каде била изразена подготвеност заедно со АД ЕСМ да се работи на проект за стратешко партнерство со јапонскиот производител, стои во соопштението.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе