Мирчески: Вишокот тутун да се откупи брзо, може да останат 1000 тони тутун неоткупен

Да не се продолжува рокот за откупот на тутунот за цел месец за уште 2000 тони од вишокот тутун, зашто ќе се направи проблем за новата реколта, бара Иницијативниот одбор на тутунарите кој сега формираше тутунски здруженија по региони и дејствува во рамките на поранешниот Сојуз на тутунски здруженија. Се апелира до Владата, Министерството за земјоделство и до инспекторатот.

Според Игор Мирчески, координатор на новите тутунски здруженија, остануваат уште два дена од регуларниот откуп, досега се купени 24 800 тони по 164 денари.

„Остануваат уште два дена до крајот на оваа откупна сезона. До вчерашниот ден се откупени 24 800 тони тутун по просечна цена од 164 денари за килограм. Остануваат не повеќе од 2 000 тони, кој се нарекува вишок тутун, за кој ние тврдиме дека не е вишок, туку откупувачите ги намалија договорите и така настана вишокот. За овие неполни 2 000 тони или поточно 1 800 тони, државата подготвува пролонгирање на откупниот рок за уште еден месец. Во моментов, во собраниска процедура се измените на законот за тутун и продолжување на законскиот рок на откупот. А уште два дена се. Во случај навреме да не се реши тоа, да се изгласа, во понеделник ќе имаме ситуација на завршен откупен рок, но неоткупен вишок тутун. Апелираме до Владата, до Министерството за земјоделство, до инспекторатот и сите институции, да најдат начин и форма во најкус можен рок да ги откупат преостанатите не повеќе од 2 000 тони. Да не го продолжуваат рокот, беспотребно да откупуваме цел месец, а ако се сака може да се направи за една работна недела. Продолжувањето на рокот значи дека само ќе се развлече ситуацијата, ќе се развлече и давањето на субвенциите, ќе се создаде манипулација со новата реколта и договорите“, изјави Мирчески.

На теренот ситуацијата е тешка.

„Сите фирми купуваат само горни берби, а долните берби тутунарите си ги враќаат дома. Не е поделена амбалажа и луѓето нема во што да го спакуваат тутунот. Дворовите и амбарите се полни со тутун и луѓето не може да го предадат тутунот. Лоша се ситуацијата во Долнени, секоја куќа има барем по 100 пакети непредаден тутун. Се повлекуваат пунктовите од сите фирми. Да не дојдат тутунарите во ситуација да склучуваат договори за нова реколта, а да не ја предале реколтата од лани. Ваква каква што е ситуацијата на теренот може да останат 1000 тони тутун во долните класи неоткупен. Никој нема да го сака тој тутун, а тутунарите го сработиле и го произвеле.

Мирчески нагласува дека и тие, како и Сојузот на земјоделските здруженија бараат да не се склучуваат договори за новата реколта, додека целосно не се откупи ланската. Се бара да се измени правилникот за тутун за новата реколта, да се зголемат цените по класи. Да не се повтори оваа реколта наредната година.

Иницијативниот одбор на тутунарите се трансформираше во нови здруженија по региони и се инкорпорира во стариот Сојуз на тутунски здруженија ан Македонија.

„Така ќе дејствуваме во иднина, ќе ја побараме довербата на тутунарите за да ги застапуваме за наредната реколта тутун. Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија според Законот сега се одговорни за договарање на новата реколта тутун. Ако нас нè побараат за дебата, ќе дадеме наши предлози и мислења“, вели Мирчески.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе