Македонското еколошко друштво, Еко-свест и Светскиот фонд за природа

Министерството за земјоделство организира тајна расправа за нацрт законот за дивечот и ловството

Македонското еколошко друштво, Еко-свест и Светскиот фонд за природа (WWF Adria) со известување до јавноста реагираат на начинот на кој што се подготвува нацрт законот за дивечот и ловството и велат дека Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство организира тајна расправа. 

„Во текот на март оваа година на страницата на ЕНЕР е објавено известување за почеток на процесот за подготовка на Закон за дивечот и ловството, при што се покануваат засегнатите страни да се вклучат во постапката преку учество во работни групи и/или коментари по нацрт-законот.

Граѓанските организации поднесоа барање до Министерството за вклучување на свои претставници во работната група за законот, при што беа известени дека Министерството веќе оформило работна група во 2019 година и нивното вклучување нема да биде можно. И покрај неможноста активно да се вклучат, граѓанските организации дадоа свои коментари по законот преку системот на ЕНЕР и со тоа демонстрираа конструктивност и желба за соработка. Воедно, граѓанските организации побараа и навремено да бидат информирани и поканети на јавната расправа за законот.

Иако на страницата на ЕНЕР нема нови информации за законот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство всушност организира јавна расправа по законот денеска, 12 јуни, во просториите на Министерството. Објава за јавната расправа нема на ЕНЕР, на веб страницата на Министерството ниту пак на официјалните профили на оваа институција на социјалните мрежи”, велат граѓанските организации. 

Според нив, ова е целосно спротивно на инклузивниот пристап и учеството на јавноста, како и со Упатството за начинот на постапување во работата на министерствата во процесот на спроведување на проценка на влијанието на регулативата каде во член 24 јасно е наведено дека: „Во зависност од сложеноста на прашањата кои се уредуваат со предлогот на закон, од страна на министерствата се дефинира рокот за спроведување на јавниот увид, кој не треба да биде пократок од 15 денови.

Јавната расправа се одржува по истекот на рокот за јавниот увид.

Од страна на министерствата, најмалку пет дена пред одржување на јавната расправа, се доставуваат покани до засегнатите страни за учество во јавната расправа писмено и/или по електронска пошта и преку објавување на покана на ЕНЕР и на веб-страницата на министерството.“

Во соопштението се додава дека постојат прекршувања во постапката и роковите утврдени со Упатството, бидејќи објава за јавната расправа нема на ниту една од посочените страници. Дополнително, организирање на јавна расправа за време на викенди односно, неработни денови е несоодветно кога е неопходно учество на бројни институции и установи со интерес во измените на овој закон, како националните паркови, другите заштитени подрачја, академската и стручна јавност и граѓанскиот сектор.

„Поради ова, реагираме и бараме Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и да ја повтори постапката согласно утврдените прописи, со цел да обезбеди соодветно учество на јавноста во изготвувањето на Законот за дивечот и ловството”, се додава во соопштението.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе