Mинистерството за здравство и МАЛМЕД не кажуваат која македонска фирма увезува канабис од Лесото

Годинава се издадени дозволи за увоз на био маса од канабис од Холандија, Хрватска, Англија и една од Лесото. Македонската фирма од Лесото има увезено 265,5 килограми био маса за екстракција. Која фирма? На ова прашање не одговараат ни од Министерството за здравство, ни од МАЛМЕД, надлежната државна агенција за лекови и медицински средства за издавање на вакви дозволи.

Пред неколку дена објавивме дека Хајлендс инвестментс, лиценцирана компанија за производство на висококвалитетен канабис од Лесото склучила договор за извоз на 8,5 тони медицински ТХЦ и ЦБД канабис во Македонија. Кој е увозникот од Македонија на оваа неверојатна количина на био маса канабис за екстракција во Македонија никој не кажува. Уште поневеројатна е бројката за вредноста на овој договор – 85 милиони долари. Од МАЛМЕД само велат дека не издале дозвола за увоз на 8,5 тони био маса од канабис. 

Од Министерството за здравство сѐ ни одговорија, освен тоа кој е увозникот.

„Компаниите кои поседуваат дозвола за екстракција на канабис, согласно законот може да увезуваат канабис, а дозволите ги издава МАЛМЕД. Овие компании откако ќе склучат договор за увоз со надворешна или домашна компанија за набавка на „био маса“ канабис неопходен за екстракција, добиваат увозна дозвола. На увозната дозвола, ги пишува и земјата увозник и земјата извозник како и фиримите од тие две земји.

Увозната дозвола што ја издава МАЛМЕД е со важност до 90 дена, фирмата која ќе добие ваква увозна дозвола, има можност количината да ја увезува во повеќе наврати, а исто така увозот не мора да биде реализиран. Почнувајќи од 1 јануари 2021 година до денеска, МАЛМЕД има издадено десетина такви дозволи, од кои поголемиот дел се за увоз на семе или садница за одгледување на канабисот, а многу мал дел се за био маса (мешавина од сите делови од растението, не само сув цвет). Вакви дозволи на фирми МАЛМЕД има издадено за увоз од компании од Холандија, Англија, Хрватска, и една од Лесото. Според податоците од МАЛМЕД, фирмата во мај добила дозвола за увоз, а дозволата истекла во јуни и во тој период, македонската фирма од фирма од Лесото има увезено 265,5 килограми био маса за екстаркција“, се вели во првиот одговор од Министерството за здравство.

На нашето барање за тоа кој е увозникот на канабисот од Лесото, од МЗ не упатија во агенцијата МАЛМЕД. А таму директорот Лирим Шабани ни одговори само тоа дека тие не издале дозвола за увоз на 8,5 тони од Лесото.

А.Д.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе