По МВР и МЗ и транспорт и врски со отчет за заштедена струја

Министерството за транспорт и врски заштедило 47 отсто струја споредено со лани

Согласно препораките од Владата, Министерството за транспорт и врски спроведе мерки ненарушувајќи го процесот на работа и заштеди 47 отсто електрична енергија во октомври 2022 година, споредбено со истиот месец минатата година, информираа од министерството.

Во овие времиња кога сите ги чувствуваат последиците од светската енергетска криза и недостатокот на енергенси, со навремени мерки и почитување на препораките, овозможуваме безбедно и непречено снабдување со електрична енергија, соопштија од Министерството.

„Ова е само уште еден доказ дека мерките носат резултати. Секој може да даде придонес кон стабилноста во снабдувањето со електрична енергија и тоа директно зависи и од нашето поединечно однесување. Енергетската ефикасност, односно рационалното користење на ресурсите ќе овозможи намалување на сметките, зголемување на конкуренцијта на претпријатијата, но и до огромни заштеди на државниот буџет. Секоја заштеда, колку и таа да изнесува, е од голема важност. Доаѓаат постудени месеци и заради тоа мораме да внимаваме и да ги следиме препораките за штедење“, информираат од Министерството.

Посочуваат дека значајна улога во оваа нивна остварена заштеда имаат нивните вработени кои континуирано и совесно ги почитувале препорачаните мерки.

„Рационалното користење на електричната енергија преку воведените мерки што се покажаа како соодветни за нашата институција ќе продолжат да се применуваат и во наредните месеци. Сите заедно, солидарно и рационално треба да ги користиме ресурсите со кои располагаме. Се залагаме за стабилен енергетски систем, бидејќи тоа е потреба на сите нас. Посветено и со максимална ангажираност заедно ќе ги пребродиме и овие предизвици кои се исправени пред нас“, потенцираат од Министерството за транспорт и врски.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе