Министерството за економија: Има доволно пченица, нема неконтролиран извоз во Косово

Има доволно резерви на пченица, нема неконтролиран извоз, ниту камиони полни со македонска пченица се извезуваат во Косово. Министерството за економија ги демантира информациите во некои од медиумите дека во земјата има резерви на за само 26 дена.

„Некои медиуми денеска објавија дека камиони со македонска пченица се извезуваат во Косово и дека имаме резерви за само 26 дена. Министерството за економија им порачува на ваквите медиуму што шират лажни вести дека треба да се засрамат посебно во ваква кризна ситуација во државата предизвикана од Коронавирусот. Апелираме до сите граѓани дека имаме доволно резерви на пченица и на брашно во државата. Дополнително Министерството за економија донесе одлука и ја достави до Владата за забрана за извоз на пченица и брашно во други земји. Има контроли и инспекции на терен и нашите граници се осигурани. Да потсетиме дека објавувањето на лажни вести согласно заклучок на Владата се казниво по Закон“, велат од Министерството за економија.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе