По вчерашното потпишување

Министерство за транспорт: Меморандумот со Бехтел-Енка не е обврзувачки, ама моделот е побрз и поефикасен

Вчера беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и компанијата Бехтел-Енка, меморандум кој нема правно обврзувачки елементи, се вели во одговорот на Министерството за транспорт и врски на прашањето на МКД.мк зошто не е распишан меѓународен тендер за изградба на коридорите 8 и 10 туку се оди на директна спогодба со закон.

„Ова е нов модел на градење, кој за прв пат една компанија сама го понуди да го работи по правила на договор што подразбира една иста компанија истовремено да се јави како проектант и изведувач.  

Меморандумот за соработка е основа за некоја идна соработка меѓу двете страни, што подразбира дека компанијата ќе изработи модели на изградба и финансирање со точно утврдени рокови за конкретните автопатски делници.

После понудените модели, Владата на Република Северна Македонија, преку закон во Собранието ќе одлучи дали ќе се прифати овој нов принцип на градење, за кој сметаме дека е многу побрз и поефикасен.

Исто така сакаме да информираме дека во процесот на одлучување за овој нов модел ќе бидат вклучени целата релевантна стручна и политичка јавност се со цел да се постигне општ консензус за проекти кои се од национален интерес.   

Во однос на инвестициите на пан-европските коридори, Владата има намера да го избере најефикасниот и набрз модел на изградба и модернизација на патиштата, се со цел земјата да не ја загуби стратешката позиција на транспортните рути во регионот“, се вели во одговорот на Министерството за транспорт и врски.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе