Министерската за финансии вели дека е обезбедена ликвидноста на буџетот и дека се гарантирани работните места

Обезбедени се околу 600 милиони евра со заеми од странски банки, ММФ и Светската банка со кои ќе се гарантира ликвидноста на буџетот и се гарантирани работните места. Овие пари ќе бидат искористени за исполнување на мерките кои Владата ќе ги дефинира наредната недела, изјави Нина Ангеловска, министерка за финансии.

„Најголемиот дел од овие пари се обезбедуваат со планираните 500 милиони евра од еврообврзници, што во случајот ќе се случи малку порано од панираното. Планираме да го заштитиме секое работно место. Неопходно беше да се обезбедат средства за што е добиен потписот и од дополнителната министерка за финансии.

Планирано е порано да се повлечат 400 милиони евра од еврообврзниците, ќе  се повлечат 87 милиони евра од ММФ и 100 милиони евра од Светската банка. Овие пари ќе ја осигураат ликвидноста на буџетот и ќе се искористат за финансирање на конкретни мерки за стопанството. Планирано е и пренамена на буџетските средства. Ребаланс нема да биде потребен во ваква состојба, владата ќе носи одлуки за прераспределби“, рече Ангеловска.

Министерската на прашањето дали ќе бидат намалени платите на администрацијата одговори дека тоа ќе се знае кога ќе се дефинираат сите мерки и додаде дека сите подеднакво треба да го понесат товарот од оваа криза.

Таа предвидува дека дури во третиот квартал од годинава може да се очекува некакво опоравување, а во четвртиот квартал комплетно опоравување.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе