Министерот Димковски ги повика винариите на коректен однос кон земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска во Кавадарци оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, градоначалникит на Демир Капија Лазар Петров, пратениците Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова, како и претставници на здруженија на лозари и дел од лозаропроизводителите од овој регион.

На средбата е предложено до средината на наредната недела да се одржи состанок помеѓу МЗШВ и винариите со цел да се утврди откупната цена на грозјето за овогодинешната реколта и количини за откуп.

„Се предлага решавањето на проблемот со вишокот на грозје да се изврши со интервенција од државата. Заради нарушување на домашниот пазар на вино намалување на цените на поголемите извозни пазари предизвикани од Корона кризата, винариите доколку имаат потреба аргументирано да бараат соодветни реални мерки од државата“, стои во соопштението од МЗШВ.

Се додава дека МЗШВ треба да ги информира нашите амбасади во соседните држави и трети земји за извоз на винско грозје по лански откупни цени.

На состанокот, како што соопштија од МЗШВ, се разговарало за екстремно ниската откупна цена на грозјето на една од винариите која деновиве беше објавена на социјалните медиуми.

„Грозјето од годинешната реколта е произведено со висок квалитет и големи приноси благодарение на поволните климатски услови кои оваа година им беа наклонети на лозарите. Следствено на тоа очекувавме висока откупна цена и откуп на целокупната произведена количина. Не смее да има никакви злоупотреби и уцени кон земјоделците од страна на било која винарија. Винариите треба да формираат цени кои нема да бидат навредливи за трудот на земјоделецот, туку напротив ќе го стимулираат производството. Целта на денешниот состанок е,не само на винаријата која објави екстремно ниски откупни цени на грозјето, туку и на сите други винарски визби кои вршат откуп, да им се укаже дека треба да формираат прифатливи откупни цени кои ќе бидат достојни за трудот на земјоделецот“, се наведува во соопштението.

Заложбите на МЗШВ, се подвлекува, секогаш се во правец да им се обезбедат подобри услови на сите земјоделци бидејќи нашиот однос кон нив е секогаш партнерски и секогаш со почит.

„Очекуваме и винариите така да се однесуваат и дека тие ќе формираат прифатлива цена за откуп на грозјето од овогодинешната реколта“, посочуваат во соопштението од МЗШВ.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе