Министерката за труд се појави на протестот на ССМ и ги покани во канцеларија на дијалог

„Цврсто стоиме на социјалниот дијалог, ветивме подобрување на работничките права преку нов општ колективен договор што ќе овозможи постојан раст на платите во јавниот сектор и други права, но не прифативме ад-хок решенија, затоа закажувам средба со ССМ во Министерството за труд и социјална политика, како зграда на граѓаните и на работниците, тоа е единствениот начин за решение“, изјави министерката Јованка Тренчевска која се појави на протестот на ССМ пред министерството. Синдикалниот лидер Дарко Димовски претходно најави продолжување на протестите.

На прашањето зошто се чекало дваесет дена и да помине рокот во кој помирувачот овој спор би го решил, министерката рече дека тоа е прашање за помирувачот, а не за неа. Ние сакаме вистинско, функционално решение за работниците од јавниот сектор, да нема обесправени работници едни во однос на други, рече министерката.

Тренчевска нагласи дека сака да се создаде систем кој ќе функционира и кој нема да зависи од тоа кој ја сочинува Владата и кој е министер за труд. 

„Политичките решенија не даваат трајни решенија. Јас сум работник во јавниот сектор цели 20 години и ги знам проблемите. Мојата функкција е минлива, затоа и велам дека се залагам за трајно решение. Впрочем и на првомајскиот процес излегов пред работниците“, рече Тренчевска.

Претходно, пред да се појави министерката, синдикалниот лидер Дарко Димовски изјави дека додека трае генералниот штрајк и додека се борат за линеарно покачување на платите за 2.806 денари, Владата иницирана од разни лоби групи, како што нагласи, на работниците им подметнаа уште едно кршење на правата - работа и во недела во туристичките места.

„Не ни се потребни 100 отсто зголемени дневници за работа во недела, кои прашање е дали би биле на сите работници исплатени, туку ни се потребни зголемени плати и почитување на работничките права, меѓу кои и правото на одмор“, рече Димовски и порача уште утре Владата да го прифати линеарното зголемување на платите“, рече Димовски.

Синдикалниот лидер на министерката ѝ порача доколку ги поддржува работниците како што самата рече, и доколку е подготвена Владата за едно трајно решение, тогаш јасно да се каже дека во септември ќе се покачат платите согласно законот за 18,4 отсто.

„Треба да знаеме како и што да правиме до септември и ќе им бидеме благодарни за тоа покачување од 18,4 проценти согласно законот. Доколку тоа го нема, решение немаме во моментот и бараме 2 806 денари, бараме враќање на регрес за јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата и потпишување на општиот колективен договор. Проблемите се тие, се решаваат буквално за една минута со ставање на потпис, мојот потпис и потписот на министерката за труд и социјална политика“, заклучи Димовски.

Тој нагласи дека рокот од 20 дена за помирување поминал.

„Штрајкуваме и протестираме и ќе продолжиме до остварување на барањата и работничките права“, нагласи Димовски.

Тој ја најави можноста утре протестот да продолжи пред Министерството за информатичко општество и администрација и повторно поставување на 120 столчиња пред Собранието, од чии пратеници ССМ очекува да изгласаат амандман на ребалансот на Буџетот за средства за линеарно зголемување на платите.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе