Министерката за финансии си го избра тимот кој нема да прифаќа „тоа не може“

Верувам дека формирав професионален и енергичен тим, тим кој нема да прифаќа "не, тоа не може" без пред тоа да ги проба сите начини и креативни солуции, објави на Фејсбук министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Секогаш, секаде и сѐ зависи од луѓето, од нивната волја, од нивниот потецијал, верба, напорна работа, интегритет, дух, енергија. Еден од предизвиците со кои се соочуваме во професионалната активност е да ги одбереме луѓето со кои ќе работиме, соработниците околу нас кои ќе ни бидат поддршка и ќе дадат совет, луѓето на кои можеме да се потпреме и со кои ќе сакаме да се бориме, да решаваме проблеми и да менуваме“, пишува Ангеловска.

Шефица на кабинетот е Кристина Попова, Ивана Станковиќ е посебен советник за јавен долг и финансиски систем, а Олимпија Христова Заевска е посебен советник за меѓународни финансии, ИПА и односи со ЕУ. Во тимот се проф. д-р Маријан Петрески и Павле Гацов, предавач на голем број обуки за даночната регулатива. Тие се надворешни консултанти, како што објави министерката, со кои ќе соработува во областа на макроекономијата и даночните политики. Во тимот е и Ана Марија Макеска, координатор на социјални медиуми и односи со јавност.

„Тим кој е подготвен да ги стави сите свои капацитети во служба на државата, да се заложи максимално за да предизвика промени и да придонесе кон градењето на силна економија, прогрес кој ќе стои на цврсти нозе, кон подобрување на ефикасноста на нашето општество, кон елиминирање на административните стеги, кон продуктивно трошење на секој денар на граѓаните, кон креирање поволна клима за бизнисите, кон квалитетни услуги и пристап за сите граѓани, кон поквалитетен живот за сите нас. Тим кој има широки интердисциплнарни познавања и меѓународно искуство и кој ќе биде посветен на постојано унапредување на фискалната транспарентност и фискалната дисциплина. Тимот е доминантно женски, но балансот во советниците е воспоставен со надворешните експерти со кои ќе се советувам во полето на даночната политика и макроекономијата“, пишува министерката која на оваа функција дојде од фирмата Групер.

Министерството за финансии е екипирано со квалитетни кадри со кои верувам дека сите од кабинетот ќе имаме одлична соработка и заедно ќе воведеме нова динамика на работење која ќе покаже брзи резултати, напиша Ангеловска на Фејсбук.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе