Минималната плата се зголемува на 14.500 денари

Премиерот Зоран Заев најави дека е постигнат договор со бизнис заедницата и со синдикатите за зголемување на минималната плата и таа во иднина ќе изнесува 14.500 денари, а ќе почна да се исплатува од декември. Во моментот минималната плата изнесува 12.507 денари.

„Во 2017 година ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари, и досега изнесуваше 12.507 денари. Сега ја зголемуваме дополнителни 2.000 денари и ќе изнесува 14.500 денари“, изјави Заев.

Тој додаде дека до крајот на мандатот се надева дека ќе ја постигнат целта минималната плата да достигне 16.000 денари, а просечната 30.000 денари.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе