Министерството за труд во дијалог со ССМ

Минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари, вели Тренчевска, минималецот е само за леб и вода, велат од ССМ

Определба на Владата е минималната плата да се зголеми на 18 илјади денари, а подоцна во текот на мандатот, и на 20 илјади денари, рече министерката за труд Јована Тренчевска. Од Сојузот на синдикатите на Македонија пак, велат дека сегашниот износ на минимална плата е доволен само за леб и вода и порачуваат секој оној што е против покачување на платата или се залага за одложување на одлуката, да проба еден месец да живее со сегашниот износ на минимална плата од 15.194 денари, како што живеат 110 илјади вработени лица.

На денешната презентација на студијата за „Минималната плата и нејзините ефекти врз работење на фирмите", во организација на Сојузот на синдикатите, поддржана од Фондацијата Фридрих Еберт, министерката за труд Јована Тренчевска рече дека анализата доаѓа во вистинско време кога отворено се зборува за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Тренчевска рече дека повисока минимална плата која ќе се реализира заедно со социјалните партнери е програмска опрeделба на Владата, но не кажа од кој месец би била зголемена платата. Министерката очекува препораките и мислењата на експертите, да помогнат во изнаоѓањето на усогласени ставови.

„Mинималната плата е комплексно прашање и треба да се разгледува од повеќе аспекти и тоа какo истата влијае на задоволството на вработените, на нивниот животен стандард, нејзините ефекти врз вработувањето а при тоа треба да се имаат во предвид и меѓународните искуства. Со соодветно ниво на минималната плата ќе ги мотивираме вработените да имаат поголема продуктивност при работењето. Оправданоста за утврдување на оптимално и прифатливо ниво на минимална плата е поради тоа што секој работник покрај тоа што бара работа сака да биде среќен и задоволен со исплата на плата која ги задоволува неговите животни потреби. Ние како држава, заедно со социјалните партнери работиме на создавање на услови за достоинствена работа за да ги мотивираме нашите вработените да придонесат до поголема продуктивност при своето работење", рече министерката Тренчевска.

Таа не кажа конкретно како ќе се реагира ако има генерален штрајк, туку најави за понеделник разговор со синдикатите заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши.

Претседателот на Сојузот на синдикатите Дарко Димовски рече дека покачувањето на минималната плата е неопходно заради лошиот животен стандард на работниците и предупреди дека најитно треба да се донесе одлука за зголемување на платата бидејќи работниците се незадоволни револтирани.

Од ССМ велат дека една минимална плата е доволна за леб и вода.

„Синдикалната минимална кошница за декември 2021 година се зголемила за 150 денари или истата изнесува 35.042 денари, а во споредба со истиот месец предходната година е зголемена за повеќе од 1.500 денари. Со две минимални плати може да се платат трошоци за комунални услуги, струја,вода, парно и да останат окколу 4.300 денари за преживување до крајот на месецот на едно четиричлено семејно домаќинство кое прима две минимални плати“, анализира ССМ.

„Сите оние кои се против или го одложуваат растот на минималната плата на 18.000 денари, ги охрабруваме да пробаат еден месец да живеат како 110.000 работници во Државата“, порачаа од Сојузот на синдикатите на Македонија и бараат минималната плата да се покачи најдоцна во март.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе