Минавме низ најтешките седум месеци од постоењето на ЕСМ, вели директорот Ковачевски

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата одржана заедно со министерот за економија Крешник Бектеши оцени дека изминатите седум месеци се најтешките од постоењето на компанијата. „Обврската за секојдневното менаџирање на кризите со електричната и топлинската енергиј АД ЕСМ ја прифативме и ја изврши во целост“, оцени Ковачевски.

„Владата го задолжи ЕСМ и во однос на цената кон ЕВН Хоум, но и со 6 други продукти кои истовремено ги работи на енергетскиот пазар со цел да се амортизира енергетската и топлинската криза. Преземавме обврска за 100% испорака на електрична енергија кон ЕВН Хоум, покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродиструбуција и МЕПСО, стартување на ТЕЦ Неготино, превземање на енергијата од ТЕ ТО, и времено управување во БЕГ и со Скопје Север за топлинската криза", рече Ковачевски.

Тој нагласи дека АД ЕСМ во време на енергетската криза го прошири својот обем на работа, интегрирајќи и други енергетски субјекти во својот систем, како ТЕЦ Неготино, ТЕ-ТО, менаџирањето со БЕГ и Скопје Север, снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на ЕВН и МЕПСО.

Директорот Ковачевски рече дека објавува дека се завршени договорите за деловно-техничка соработка со ТЕЦ Неготино и со ТЕТО.

„Во изминатите 3 до 4 месеци овие два капацитети многу помогнаа во системот и со нивното интегрирање во работењето на АД ЕСМ се заштедија над 31 милиони евра. Што се однесува до набавката на електрична енергија. АД ЕСМ беше принуден да набави енергија во тек на неколку месеци, пред се и најмногу во месец ноември кога имавме пожар предизвикан од надворешни фактори на трансформаторот на РЕК Битола, поради што во РЕК Битола беше исклучен од мрежата Блок 3 и истиот е во процес на санација. Понатаму, во текот на зимскиот период се наиде на проблеми при набавка на мазут и на дополнителни количини јаглен, а тоа беше предизвикано од енергетската криза поради која на пазарот не можеше навремено да се добават енергенси. Затоа во одредени денови бевме присилени да го спуштаме нивото на производство и да дополнуваме со набавена енергија. Не се набави голема количина на енергија, но со оглед на енормниот скок на цените на берзите, таа енергија нас не чинеше многу повеќе од тоа што било во минатото во околности на потреба“, рече Ковачевски анализирајќи ги изминатите месеци.

Тој додаде дека од денес ЕСМ продолжува да снабдува само преку своите капацитети - два блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, гасната електрана КОГЕЛ Скопје, хидроелектраните и ветерниот парк, со кое производство се задоволува конзумот на домаќинствата и малите потрошувачи.

,,Кризата отвори потреба и од подолго користење на рудниците, така што инвестираме и во нови сопствени ископи, рудникот Живојно во РЕК Битола и рудникот Гуштерица во РЕК Осломеј“, рече директорот на АД ЕСМ и нагласи дека мора да се има предвид дека во енергетиката резултатите доаѓаат по подолг период и дека ефектот од тоа што денес се работи во енергетиката ќе се види по 3 до 5 години.

Тој како одговор на новинарско прашање рече дека не се увезува јаглен од Србија, ниту пак дека се увезува јаглен од Грција, кој според некои тврдења, се декларира како да е увезен од Косово.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе