УЈП објави листа на лица што најмногу се збогатиле годинава

Милионери шестгодишно дете и човек од 101 година, а стружанец со плата од 160 илјади евра

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на прес-конференција ги објави согледувањата за годинава врз основа на годишните даночни пријави и податоците за лица кои годинава заработиле најмногу пари по разни основи. 

Највисоката годишна бруто плата во 2019 година му е исплатена на граѓанин од Струга. Платата е остварена во индустријата со метали и изнесува 114.854.796 денари (близу 160 илјади евра месечно). На листата на највисокорангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, образование, комбинирани канцелариски и административни услужни дејности и производство на горна облека.

Највисокото лично примање по друга основа изнесува 48.511.454 денари на годишно ниво за повремено или привремено извршени услуги кон градежна компанија, што поделено на 12 месеци би изнесувало околу 66 илјади евра.

Највисоката капитална добивка од 88.352.113 денари остварена е од граѓанин на Скопје од продажба на сопственички удел од странска компанија, додека највисоката исплатена дивиденда е во износ од 210.411.765 денари и му е исплатена на граѓанин на Битола што е сопственик на бизнис што припаѓа на дејностите во градежништвото.

Скопјани доминираат на листата со доход од самостојното вршење на дејност, од кој највисокиот изнесува 44.065.522 денари. Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители и угостители.

Граѓанин од Скопско остварил доход од продажба на сопствени земјоделски производи во износ од 32.345.815,00 денари, а гевгеличанец остварил 11.694.817 денари доход по овој основ. Во 2019 година прворангираниот според вкупно остварен бруто доход од закуп и подзакуп на имот (издавање на земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид на имот) е обврзник од Тетово, кој пријавил 84.039.667 милиони денари.

Прворангиран според остварен вкупно бруто доход од авторски права и други стварни права е обврзник од Скопје, со 22.612.966 денари, додека Кумановец остварил бруто доход од 4.161.850 денари од права од индустриска сопственост. Највисоката добивка од лото, обложување, казино и учество во наградни игри, односно пријавен вкупен бруто доход од игри на среќа е жителка на Скопје кој само по овој основ остварила 29.293.930,00 денари.

Прворангираниот пензионер е од Штип, чија бруто пензија изнесува 8.064.865 денари, или над 10 илјади евра бруто плата на месечно ниво. Прворангираниот осигуреник по основ на уплатени премии и исплатена осигурена сума остварил доход од 7.835.927 денари.

Во категорија друг доход вклучува доход од различни извори како што е доходот кој не е конкретно опишан во законот за данокот на личен доход и не е изземен од оданочување, доходот остварен од продажба на корисен цврст отпад, доходот остварен со електронска трговија преку интернет, доходот од маркетиншки интернет услуги, износот на неискористената финансиска помош, износот на неискористените донирани финансиски, како и кусоци кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице.

Во оваа категорија прворангираниот е од Скопје со износ 167.595.958 денари и овој доход преставува кусок што не е предизвикан од вонредни настани и кој не е на трошок на платата на одговорното лице

Второрангиран е граѓанин од Тетово што доброволно го пријавил својот доход во износ од 138.938.218 денари, кој е исплатен од компании кои работат со мрежни социјални и видеоплатформи.

Највозрасното лице што остварило над еден милион денари, или над 16 илјади евра приход, било на возраст од 101 година, додека во групата над 10.000.000 милиони денари највозрасниот има 86 години.

Лице што се родило во 2013 година е најмладиот милионер во 2019 година - остварило доход од закупнина од над 1.000.000 денари.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе