Милевски во Истанбул: Да се укине роамингот и со земјите на Западен Балкан кои се во ЕУ

Eкономскиот развој, стабилноста, владеењето на правото и одливот на младите се главните проблеми кои ги засегаат земјите од Западен Балкан, изјавил министерот Горан Милевски на Мармара урбан форум во Истанбул, Турција.

„Министерството ја поддржува иницијативата во Берлинскиот процес да бидат вклучени и единиците на локална самоуправа и нивните асоцијации. Наш предлог е работните средби на општините да станат интегрален дел на Берлинскиот процес и да се одржуваат постојано, како и да се организираат Форуми на локалната самоуправа на кои ќе дебатираат претставниците на општините и асоцијациите на локалната самоуправа“, пишува во соопштението од Министерството за локална самоуправа.

Милевски на форумот рекол дека преку вмрежувањето на министерствата за локална самоуправа и регионален развој од регионот ќе се овозможи зголемување на соработката меѓу државите во насока на решавање на заедничките проблематики на земјите од Западен Балкан.

Според Милевски, соработката преку поддршка на ИПА програмите е задоволителна, но таа мора да се прошири во повеќе области.

Република Северна Македонија е копретседател со Берлинскиот процес и таа позиција, како што се наведува, треба да се искористи за наметнување теми и иницијативи кои ќе бидат од интерес на сите граѓани.

Министерот Милевски го поздравил и намалувањето на цените на роамингот до негово целосно укинување меѓу земјите од Западен Балкан.

„Процесот за укинување на роамингот меѓу земјите кои не се членки треба да продолжи со опфаќање и на земјите кои веќе се во ЕУ. Рушењето на ценовните бариери за комуникација меѓу граѓаните и бизнисот треба да биде почеток на надминување на сите препреки кои стојат на патот на соработката помеѓу нашите земји“, изјавил тој.

Милевски на покана на Мармара урбан форумот во Истанбул насловен „Градовите развиваат решенија“ престојува заедно со претседателите на Советот на општините Липково и Центар, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и пратеникот Енес Ибрахим.

На Форумот учествуваат претставници на локалната самоуправа од општините во Турција, како и од општини од 25 други држави.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе