Мицкоски: Прво откуп на домашното производство на тутун, па увоз, ќе иницираме измени во законот

Во Собранието ќе иницираме предлог закон за тутунот, односно да не се купува од надвор се додека не биде откупено последното ливче од македонските производители, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Битола.

Според него не смее да има увоз се додека не се откупи од домашните производители.

„Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од пелагонискиот регион имаа една прес конференција на која информираа дека ќе иницираме предлог закон во парламентот со кој ќе се забрани увоз на тутун се додека и последното ливче тутун од македонските производители  не биде откупено", рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека има информации за злоупотреби при откупот.  

„Ги повикувам и луѓето од земјоделскиот инспекторат да ги посетат откупните центри и да го видат однесувањето на откупувачите и да поразговараат со луѓето кои го продаваат тутунот бидејќи има индиции за големи злоупотреби", посочи Мицкоски.  

 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе