Анализата е готова

МФ против Стопанската комора, нема да ја изедначи акцизата за екстралесното гориво со дизелот

Министерството за финансии по повеќе од еден месец ќе донесе одлука за предлогот за изедначување на акцизата на екстралесното гориво со дизелот. Иако, Стопанската комора имаше иницијатива за изедначување на акцизата на екстралесното гориво со дизелот, а тоа го поддржаа и дистрибутерите на нафта и нафтени деривати во државата, Министерството за финансии одлучи контра нив, да се оди на изедначување на квалитетот на екстралесното со тој на дизелот.

Логично се подига прашањето како ќе се откриваат злоупотребите со „црвената нафта“ по ваква регулација? Познато е дека и покрај тоа што ова гориво е забрането за точење од 15 април до 15 октомври, сепак потрошувачката во нашата држава и во тој период не спласнува. Можеби надлежните признаваат дека немаат ниту капацитет, ниту волја да го направат тоа, па затоа се презема овој чекор преку кој полесно ќе се затскрие нивната инертност за оваа тема?!

Дали проблемот ќе прерасне во уште поголем, сега кога ќе имаме едно гориво со различна акциза и цена. Како државата ќе го контролира користењето на ова гориво, дали ќе има правила кој смее да го користи?

За овие проблеми алармираше Регулаторната комисија за енергетика која го поддржа предлогот за изедначување на акцизите, но тој не помина во Министерството за финансии.

„Изедначувањето на  акцизата на екстралесното гориво со дизелот ќе биде од корист на сите, имајќи во предвид дека со злоупотребата на екстралесното гориво некаде во Буџетот на државата недостасуваат околу 30 милиони евра“, кажа Бислимовски. 

Да потсетиме, екстралесното гориво во моментов има многу пониска акциза во однос на дизелот и од тие причини на некој начин се случуваат злоупотреби, бидејќи се користи за транспортни цели.

Дизелот и екстралесното гориво освен разликата во акцизата и цената се разликуваат и во техничките карактеристики кои се однесуваат на нивната чистота и согорување.

Додека од пониската акциза на екстралесното гориво што се троши како дизел за транспорт државата губи повеќе од 11 денари по литар, при согорувањето екстра лесното загадува 100 пати повеќе од дизелот, бидејќи содржи 100 пати повеќе сулфур на еден литар гориво.

Ваква пракса на „изедначување на квалитетот“ е непозната во ниедна европска земја, па затоа е и нејасно што државата предвидува да се постигне со овој потег.

Останува да видиме дали надлежните ќе смогнат сили за кратко време да го донесат новиот правилникот за квалитет на течните горива, кој не е променет цели две години, иако многумина велеа дека истото е повеќе од потребно.

Можеме да заклучиме дека многу прашања по оваа тема останаа неодговорени што отвара многу врати на сомнежи околу тоа чии интереси застапува државата, и дали истите се правилни? 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе